Вардаровата експедиција заедно со стручниот штаб во 09:00 часот летаат за Истанбул, оттаму е закажан вториот лет, овој пат до крајната дестинација Анталија.
Со тимот отпатуваа низа на млади играчи, како и сите останати првотимци со исклучок на Никола Серафимов кој си замина од Вардар.
Лидерот во Анталија ќе одигра шест контролни натпревари, почнувајќи од понеделник.