Сите осум играчи од редовите на Вардар кои со своите репрезентации отпатуваа на ЕП, ја завршија својата одисеја уште во групната фаза. Дел од ЕП беа и Дејан Периќ и Александар Царчев, кои беа дел од стручниот штаб на Русија, односно Македонија.
Последен кој испадна беше Стојанче Стоилов кој со репрезентацијата на Македонија го загуби решавачкиот дуел против Австрија (28:32) и на тој начин заврши на третото место во групата, кое не беше доволно да се продолжи учеството на ЕП.
Претходно својот настап на ЕП го завршија Кристопанс и Кугис кои со селекцијата на Летонија го освоија последното место во групата, откако беа поразени на сите три меча.
Денес последното коло ќе го одигра и Русија, за која настапуваат осум играчи од редовите на Европскиот Шампион. Без разлика на исходот против Данска, Русија ги загуби шансите за второто место во групата и после овој меч се враќа дома.
Сигурно е дека Вардар многу бргу ќе се комплетира, но секако дека играчите кои беа дел од ЕП ќе добијат одмор, по што ќе се вратат на тренинзите.