Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Неочекувани вести: Серафимов си замина од Вардар!
Неочекувани вести: Серафимов си замина од Вардар!

Неочекувани вести: Серафимов си замина од Вардар!

Младиот и талентиран играч од одбраната на Вардар, Никола Серафимов, крајно неочекувано се реши да го напушти лидерот на табелата и да го остави во настапите напролет во борбата за титулата.

Како што можеме да дознаеме, Серафимов заминува во првенството на Србија, а оваа вест раководството на Вардар и играчите ја примиле крајно неочекувано и збунето.

Вардар во пролетниот дел на шампионатот останува на стоперската позиција со Новак, Младеновски и Филип Најдовски.

Серафимов за Вардар оваа полусезона во ПМФЛ одигра 12 натпревари без постигнат погодок.