Пионерите на ракометниот клуб Вардар под водство на Зоран Петковски утрово заминаа за Крагуевац, каде од вечерва ќе ги започнат настапите на треттиот „Свето Савски турнир“.
Ова се играчите кои ќе настапат за вардаровите пионери: Никола Спасовски, Петар Стојановски, Дамјан Димитриевски, Мартин Тодороски, Давид Младеновски, Кирил Симоновски, Марио Стојановски, Давид Славевски, Христијан Петковски, Андреј Петрушевски, Георгиј Спасовски, Петар Колевски, Александар Стојменов, Стефан Ристевски, Мартин Сипковски, Матеј Трајановски и Алек Алексовски.
Вечерва со почеток од 20:30 часот ќе го одиграме првиот натпревар на турнирот, против екипата на Раднички.