Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар се закитија со златниот медал, пионерите го освоија второто место на „Светосавскиот“ турнир
Пионерките на Вардар се закитија со златниот медал, пионерите го освоија второто место на „Светосавскиот“ турнир

Пионерките на Вардар се закитија со златниот медал, пионерите го освоија второто место на „Светосавскиот“ турнир

Вечерва финишираше третото издание на “Светосавскиот“ ракометен турнир во Крагуевац. На истиот настапија машката и женска пионерска екипа на Вардар. Девојките успеаа да освојат прво место и златен медал, додека машките го освоија второто место.

Пионерките на Вардар предводени од Платон и Папуџиева успеаа да го добијат натпреварот против екипата на Медицинар и на тој начин да го освојат првото место на турнирот. Во текот на целиот натпревар вардарки беа во постојана предност и на крајот заслужено успеаа да го освојат трофејот. Во најголем дел од првото полувреме имавме водство, кое се движеше од 1-3 гола разлика, иако Медицинар не дозволуваше осетно да се одлепиме. Така на полувреме имавме само два гола позитива (10:12).

Во второто полувреме игравме многу подобро во одбраната, која беше клучна за да ја зголемиме предноста. Со серија од неколку погодоци се одлепивме најпрво на пет гола позитива, а потоа се беше полесно. На крајот стигнавме и до висока победа, изразена со резултат 16:25.

Најефикасни во нашите редови беа Бојана Коцева и Сара Стефаноска кои постигнаа по 4 голови. Мила Пешиќ и Борјана Коцева имаа по 3 погодоци. Зорица Андовска, Александра Коловска, Наталија Максимовска и Бојана Радевска имаа по 2 гола.

1 2 4

Пионерите загубија во дуелот кој одлучуваше за тоа кој ќе го освои трофејот. Во решавачкиот меч бевме поразени од екипата на Металопластика.

На првиот гол се чекаше пет минути, а истиот го постигна Трајановски во редовите на Вардар за отварање на резултатот. Следеше и прв гол за противникот за израмнување, но Вардар преку Петковски и повторно Трајановски поведе и со 1:3. Во следните минути стигна и ново израмнување (4:4), додека нашите пионери направија серија од 0:3 и поведоа со највисоки 4:7. Сепак до крајот на првите 20 минути, тимот на Металопластика успеа да намали на само еден гол (7:8).

Вардар беше во предност од три гола разлика и во 24 минута (8:11), но српската екипа врати со четири голови во серија и поведе со 12:11. За момент го израмнивме резултатот на 12:12, но Металопластика поведе и со 14:12. Се беше јасно, кога противникот се одлепи и на водство од 18:14, додека конечниот резултат гласеше 19:15.

Христијан Петковски и Матеј Трајановски постигнаа по 4 голови, додека Давид Младеновски и Андреј Петрушевски имаа по 3 погодоци. Еден гол имаше и Петар Стојановски.

5