Горан Попов, некогашниот член на нашиот Вардар каде и ја заврши кариерата, но и на гигантот Динамо Киев, денеска беше присутен и го следеше натпреварoт на овие две екипи во Белек.
Попов имаше што да види попладнево во Анталија, а се почесто ќе го гледаме на фудбалските терени ширум нашата земја и пошироко бидејќи славниот лев век по завршувањето на фудбалската кариера стана фудбалски менаџер.
Бившиот репрезентативец веќе е регистриран како менаџер во австриската агенција (More than Sport).
Фото: FC Dynamo Kyiv