Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Нова доминација на кадетите, за сигурен пласман во 1/2 на купот
Нова доминација на кадетите, за сигурен пласман во 1/2 на купот

Нова доминација на кадетите, за сигурен пласман во 1/2 на купот

Кадетите на Фк Вардар уште еднаш ја потврдија својата класа во дуелите со Младост Ц.Д. и се пласираа во полуфиналето на националниот куп. Денес на теренот на локомотива се одигра реванш мечот во рамките на 1/4 од купот, против екипата на Младост. Избраниците на Колев не пропуштија ништо на случајноста  и забележаа нов висок триумф од 4:0. Александар Трајчевски постигна два гола, по еден гол беше дело на Михаил Геговски и Никола Серафимов.

Со вкупен резултат од 8:1, црвено-црните обезбедија полуфинале во ова натпреварување. Победата уште во првиот дел ја најави Трајчевски кога два пати стрелаше во мрежата на противникот за водство од 2:0, резултат со кој се замина на полувреме. Вардарци не пропуштија ништо на случајноста и во овој дуел влегоа доста сериозно и мотивирано, не дзоволувајќи на противникот да се изнаигра. Гостите од Охрид беа недораснат противник за нашите надежи, па речиси и ништо посериозно да не направија на овој реванш меч.

Во вториот дел ја контролиравме играта на средината со кратки додавања и успешни проигрувања. Целта беше јасна, да се чуваат силите за последниот меч од есенскиот дел во лигата, каде гостуваме во Куманово на екипата на Милано. Сепак тоа не ги повлече да продолжат да го напаѓаат противничкиот гол. Следува одлична акција и гол на напаѓачот Геговски за веќе предност од 3:0. Конечниот резулат од 4:0 го постави дефанзивецот Никола Серафимов кој биеше во небранетата мрежа на голманот на Младост. Кадетите се третата наша генерација после пионерите и младинците кои успеаа да обезбедат пласман во 1/2 на купот на Македонија. Тренерот Колев комбинираше со составот давајќи им шанса за настап на сите играчи, кои му беа на располагање.

Фк Вардар: Зибери, Гавровски, Серафимов,Петревски, Тодоров, Таневски, Скендерски, Стојчевски, Трајчевски, Китановски, Милевски