Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Македонија У19 повторно поразена од Азербејџан, единствениот гол дело на поранешен вардарец
Македонија У19 повторно поразена од Азербејџан, единствениот гол дело на поранешен вардарец

Македонија У19 повторно поразена од Азербејџан, единствениот гол дело на поранешен вардарец

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го загуби и вториот контролен дуел против врсниците од Азербејџан.

За разлика од претходниот натпревар, овој го одигравме без играчите од Вардар, кои исто така се наоѓаат во Анталија, на подготовки со првиот тим. Исклучок, беше само голманот Китановски кој влезе во игра во текот на второто полувреме, како и Дамјан Трајановски. Селекторот на Шкумбин Арслани не можеше да смета на услугите на Игнатов, Омерагиќ и Крстевски поради повреди здобиени на првиот пријателски дуел на овие две репрезентации.

Иако Македонија водеше по првото полувреме со 0:1, сепак во второто полувреме, Азербејџан направи пресврт, постигнаа два гола и славеа со резултат 2:1. Стрелец на единствениот гол за Македонија, беше поранешниот играч на Вардар, се работи за Марио Илиевски кој оваа сезона настапува за екипата на Тиквеш во втората лига на Македонија.