Вардар имаше успешна увертира пред натпреварот против екипата на Кил во Лигата на Шампионите. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните ја победија екипата на Метаург.
Вардар во текот на целиот дуел имаше предност, додека противникот успеа да даде отпор само во првото полувреме кога резултатот на семафорот гласеше 17:15. Во вториот дел се разигра Европскиот Шампион што резултираше и со зголемување на разликата. На крајот убедлив триумф за вардарци изразен со резултат 35:26. Ова беше втора победа на контролните мечеви за Вардар под водство на Стевче Алушовски.
Дибиров беше најефикасен кај Вардар со 8 голови, Кристопанс имаше 6, додека Скубе и Чупиќ додадоа по 5 погодоци.
РК Вардар: Кизиќ, Гогов, Карапалевски 1, Стоилов 1, Кукуловски 3, Атман 2, Калараш, Горпишин 1, Горбок 2, Дибиров 8, Чупиќ 5, Скубе 5, Кристопанс 6, Димитриоски 1, Пелко и Толедо,