Данил Шишкарев од следната сезона ќе настапува за екипата на Веспрем. Денес Шампионот на Унгарија и вицешампионот на Европа го претстави Шишкарев како ново засилување за тимот од следната сезона.
Веспрем продолжува со традицијата да носи играчи од редовите на Вардар, откако претходно дел од клубот станаа Давид Дејвис, Арпад Штербик, Рожерио Мораес Фереира, Вуко Борозан, како и кондициониот тренер, Марија Лојаница.
Шишкарев ја игра петтата сезона во црвено-црниот дрес, со Вардар успеа да освои две Европски титули, а со екипата на Веспрем потпиша договор на две сезони.