Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го „растури“ Металург, втор триумф за Алушовски на контролните мечеви
Вардар го „растури“ Металург, втор триумф за Алушовски на контролните мечеви

Вардар го „растури“ Металург, втор триумф за Алушовски на контролните мечеви

Вардар имаше успешна увертира пред натпреварот против екипата на Кил во Лигата на Шампионите. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните ја победија екипата на Метаург.

Вардар во текот на целиот дуел имаше предност, додека противникот успеа да даде отпор само во првото полувреме кога резултатот на семафорот гласеше 17:15. Во вториот дел се разигра Европскиот Шампион што резултираше и со зголемување на разликата. На крајот убедлив триумф за вардарци изразен со резултат 35:26. Ова беше втора победа на контролните мечеви за Вардар под водство на Стевче Алушовски.

Дибиров беше најефикасен кај Вардар со 8 голови, Кристопанс имаше 6, додека Скубе и Чупиќ додадоа по 5 погодоци.

РК Вардар: Кизиќ, Гогов, Карапалевски 1, Стоилов 1, Кукуловски 3, Атман 2, Калараш, Горпишин 1, Горбок 2, Дибиров 8, Чупиќ 5, Скубе 5, Кристопанс 6, Димитриоски 1, Пелко и Толедо,