После операцијата на коленото и периодот на рехабилитација, бразилското засилување за Вардар од почетокот на новата сезона, вчера се врати на терените и беше во составот за контролниот дуел против екипата на Металург.
Толедо доби минутажа на теренот, не успеа да се запише во листата на стрелци, но затоа даде свој придонес во одбраната. Ова е добра вест за екипата и за тренерот Алушовски, кој може да го има на располагање, Толедо, за вториот дел од сезоната. Сигурно е дека ќе му олесни и на Кристопанс, играч врз кој беше целиот товар на десната бековска позиција.
Мал проблем за Вардар ќе биде отсуството на Дисингер, кој ќе биде надвор од терените сигурни и во наредните два месеци, па на позицијата лев бек, мора да се поткрепиме на Сергеј Горбок и Павел Атман.