Втора победа за генерацијата 2005 на ФК Вардар на турнирот „Пирин Куп“ во Бугарија.
Утрово во рамките на третото коло, нашите млади надежи ја победија екипата на Спартак Пловдив со резултат 3:0. Сите голови беа постигнати во првото полувреме. Филип Јовановски беше стрелец на два гола, додека Горјан Цветков постигна еден гол.
Вардар: Краљевски, Јакимовски, Ристовски, Кулуковски (c), Таневски, Серафимов, Дошев, Цветков, Јовановски, Антевски, Стефановски.
Во игра влегоа и Кузмановски, Јаневски и Веселинов. Во рамките на последното коло од групната фаза, денес ќе играме дуел и со тимот на Царско Село. Првопласираните две екипи во групите ќе се пласираат во полуфиналето.