Стартот на пролетниот дел од шампионатот во ПМФЛ ќе стартува ден порано, односно во сабота, 15-ти со дуелот на лидерот на табелата Вардар и екипата на Македонија ЃП. Поради ТВ пренос, овој дуел ќе се одигра ден порано, в сабота, а не в недела, со почеток од 14.00 часот.
Вардар генералната проба пред овој дуел ќе ја има в недела на теренот во населбата Аеродром, каде Вардарци ќе одиграат тест дуел со второлигашот ФК Кадино.
Очекуваме исто како на последниот есенски дуел со Шкендија, и овој пат на Градски да има преку 2000-3000 навивачи на нашиот тим и со победа да ја започнеме пролетта.