Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре во Кадино од 13 часот!!
Утре во Кадино од 13 часот!!

Утре во Кадино од 13 часот!!

Лидерот на првенствената табела, тимот на Вардар утре ќе ја има генералната проба пред стартот на пролетта во ПМФЛ и одбраната на есенската титула. Како што е добро познато, утре момците на Васоски фудбалските сили ќе ги одмерат со екипата на ФК Кадино, која се натпреварува во втората по ранг лига во нашата земја.

Утре Васоски ќе ги има на располагање сите играчи. Шанса ќе добијат сите, а можно е и да се воигрува тимот без Аврамовски, да се види како ќе функционира, со оглед на тоа што најдобриот стрелец нема право за настап во првото пролетно коло со Македонија ЃП.

Да напоменеме дека во екипата на Кадино тренер е Марјанчо Андрески, поранешниот стратег на Работнички, а има и неколку млади екс играчи на Вардар како голманот Мето Велковски.

Дуелот утре, започнува со почеток од 13.00 часот, но не во Аеродром туку на теренот во Кадино.