Вардаровите генерации 2007 и 2008 во текот на денешниот ден ги одиграа последните натпревари од групната фаза, по што успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“
Генерацијата 2008 после двата нерешени резултати, денес во одлучувачкиот натпревар ја победи екипата на Локомотив Софија (2:0) и на тој начин успеа да го освои второто место во групата. Нивен противник во четврт-финалето ќе биде екипата на Национал која со максимални 9 освоени бодови го освои првото место во групата Д.
До пласманот во осумте најдобри екипи дојде и генерацијата 2007, која денес ги доби останатите два натпревари во групната фаза. Првиот пораз од екипата на ЦСКА Софија не ги обезхрабри нашите момчиња, кои денес ги добија мечевите против екипите на Локомотив Софија (2) со резултат 4:2 и Ботев Вратса (3:0). На тој начин го освоивме второто место во групата и за противник во 1/4 финалето ја добивме екипата на Витоша 13 која се пласираше на првото место во групата.
Утре не очекуваат четврт-финалните и евентуално полуфиналните дуели за нашите вардарови надежи.