Генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар не успеа да се пласира во големото финале на турнирот „Пирин Куп“.
Во рамките на полуфиналето бевме поразени од екипата на Национал ( Бугарија) со резултат 0:2. Мечот се одиграл во едно силно темпо од двете страни, сепак на крајот противникот успеал да слави. Првиот гол паднал од наводно офсајд позиција, додека вториот погодок сме го примиле пред крајот на дуелот. После почетната негатива, нашите млади надежи се обидувале да го израмнат резултатот, имале и свој период на доминација и неколку шанси, сепак изостанала конечната реализација.
Најважно е што не сме биле надиграни на овој полуфинален дуел, момците покажале голема желба за надигрување, но и Национал важи за една од најдобрите младински школи во Бугарија. Можеби и заморот си го направи своето, за три дена одигравме пет силни натпревари, а утре не очекува дуел за бронза на турнирот.
Својот настап во четврт-финалето го завршија и генерацијата 2008 на Вардар, која претрпе висок пораз од екипата на Национал (13:0). Со оглед дека на овој турнир заминавме со само 13 играчи, од кои некои од нив беа и повредени, не очекувавме и вмешување во борба за медалите. Сепак и пласманот во осумте најдобри екипи е успех за оваа екипа.