Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра пријателски тест-напревар помеѓу кадетите на Вардар Јуниор и врсниците од тимот на КЛ7. Ова беше прв дуел во 2020 година за црвено-црните надежи.
Момците на Будимир и Станковски доминираа уште по првата минута, постепено создавајќи предност во однос на противникот. Со седум гола позитива заминавме на одмор, за време на паузата помеѓу двата дела ние водевме со резултат 16-9.
Будимир даде шанса на целиот ростер, ова е подготвителен дуел па целта беше да се подигне натпреварувачката форма. Високите седум гола предност ги зачувавме и во вториот период, со седум позитива дојде победата. Ние триумфиравме со резултат 29-22.
Со првиот тим на КЛ7 начелно е договорена пријателска средба која најверојатно ќе се одигра идниот понеделник, за точен термин дополнително ќе ве известиме.