Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 11.коло во најсилната група Б, Кил и понатаму е лидер, Вардар остана на 6.место
Преглед на 11.коло во најсилната група Б, Кил и понатаму е лидер, Вардар остана на 6.место

Преглед на 11.коло во најсилната група Б, Кил и понатаму е лидер, Вардар остана на 6.место

До крајот на групната фаза во Лигата на Шампионите остануваат да се одиграат уште три кола, по што ќе биде познат конечниот пласман на екипите во двете најсилни групи, како и тимовите кои ќе продолжат во следната елиминациска рунда.

Се одигра и 11 коло во кое победи забележаа екипите на Кил, Веспрем, Монпелје и Мотор Запорожје.

Колото го отворија екипите на Кил и Вардар, дуел на кој подобра беше екипата на Кил која славеше со резултат 34:23. Извештај од мечот можете да прочитате на линкот, ТУКА.

Дербито на колото се одигра во Франција, каде Монпелје го совлада тимот на Киелце, минимално со резултат 25:24. Во првото полувреме видовме дури осум израмнувања на овој рамноправен дуел. Домашниот тим подобро го отвори мечот кога поведе со 5:2, но Киелце постигна три голови во серија и го израмни резултатот. Следеше период на кој за прв пат, гостинот од Полска поведе со два гола разлика (9:11), за Монпелје веднаш да израмни. Сепак по истекот на првите 30 минути, избраниците на Душебаев имаа водство од 12:14. По само три минути игра во вториот дел резултатот беше израмнет на 15:15, а во најголем дел од второто полувреме, домаќинот беше во предност која се движеше од 1-2 гола разлика. Во последните четири минути, Монпелје влезе со предност од 24:22, но Киелце со головите на Морито и Агинагалде го израмнија резултатот. Во последниот напад, домаќинот погоди од бековска позиција преку Соуси и успеа да слави голема победа, со резултат 25:24.

Веспрем ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Порто и ја продолжи битката за првото место во групата со тимот на Кил. Избраниците на Дејвис полесно од очекувањата славеа кај најпријатното изненадување оваа сезона во ЛШ. Стартот на мечот навестуваше триумф за Веспрем, кога поведоа со 0:5, а цели седум минути тимот на Порто чекаше на својот прв гол. Унгарците имаа контрола во текот на целиот меч, во првото полувреме држеа разлика од 3-5 голови, а на полувреме заминаа со предност од 9:14. Порто имаше одличен почеток на вториот дел кога намали на само еден гол разлика (15:16), сепак Веспрем не дозволи да ја загуби позитивата, направи серија од 1:7 и поведе со 16:23, највисоки седум голови во тој момент. Стигнаа и до осум голови предност (18:26) и тука веќе беа јасни работите околу конечниот победник. На крајот славеа триумф со резултат 24:31, победа со која остана на второто место во групата.

Колото го затворија екипите на Мотор Запорожје и Брест Мешков, на меч со многу голови на крајот славеше шампионот на Белорусија. Во првото полувреме двете екипи постојано се менуваа во предност, но ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола разлика. На полувреме, Брест Мешков имаше минимално водство од 17:18.

Во вториот дел, избраниците на Алонсо се одлепија на три гола разлика (18:21), но домаќинот се врати во игра кога го израмни резултатот на 22:22. Сепак до крајот на мечот, немаа сили за нешто повеќе, екипата на Брест Мешков со серија на погодоци поведе и со пет голови разлика и на крајот славеше со резултат 33:36.

Како изгледа табелата во најсилната група Б, после 11 одиграни кола:

1. Кил  18

2. Веспрем  16

3. Монпелје  13

4. Киелце  12

5. Порто  10

6. Вардар  9

7. Брест Мешков  6

8. Мотор Запорожје 4