Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стефан Наумчески до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во ФК Тиквеш
Стефан Наумчески до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во ФК Тиквеш

Стефан Наумчески до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во ФК Тиквеш

Фудбалскиот клуб Вардар се реши да прати еден играч на позајмица до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Се работи за Стефан Наумчески играч од дефанзивната линија на најтрофејниот македонски клуб, кој во пролетниот дел ќе настапува за екипата на Тиквеш во втората македонска фудбалска лига.

Се работи за играч кој потекнува од Победа од Прилеп, потоа преминува во Металург, додека Вардар го засили на почетокот на 2017 година. Ги помина повозрасните младински екипи на ФК Вардар, со кои освои и неколку трофеи. Се работи и за младински репрезентативец на Македонија, играч кој не добиваше минутажа оваа сезона во првиот тим на Вардар.