Денес, Агенцијата за млади и спорт ги објави вредноста на ваучерот кој ќе заврши во касите на екипите од ракометната Суперлига, Женската лига и прволигашите.
Сосема очекувано, највисок износ на “ваучер“ доби европскиот шампион Вардар, истиот изнесува 21 милион денари(21.000.000 денари). Потоа следат вицешампион, битолски Еурофарм Пелистер кој доби 17.9 милиони денари и тимот од скопска Автокоманда, екипата на РК Металург 13,9 милиони денари. Свој ваучер доби и Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која на располагање ќе има 22,8 милиони денари.