Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преодниот рок завршува, Вардар го задржа костурот на тимот!!
Преодниот рок завршува, Вардар го задржа костурот на тимот!!

Преодниот рок завршува, Вардар го задржа костурот на тимот!!

Денеска, односно вечерва на полноќ, завршува зимскиот преоден рок во Македонија. Кога сме кај лидерот на табелета и најтрофеен фудбалскиот клуб во земјава, Вардар, работите се повеќе од јасни на неколку часа пред крајот на преодниот рок. Голем плус од овој зимски преоден рок е тоа што Васоски успеа да го задржи костурот на тимот, оној шампионски, кој што газеше во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ.

Иако овој зимски преоден рок имаше силен интерес посебно за Али Адем, Даниел Аврамовски и Марио Младеновски, сепак, играчите остануваат лојални на клубот и ќе бркаат шампионска титула заедно со останатите свои соиграчи.

Значи сега, иако има уште неколку часа до крајот на преодниот рок, ситуацијата во ФК Вардар изгледа вака:

Си заминаа: Никола Серафимов (без клуб), Стефан Наумчески (Тиквеш, позајмица).

Дојдоа: /