Во конкуренција на 16 екипи, генерацијата на ФК Вардар родени 2007 година го освои третото место на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“ кој се играше во Сандански.
Момците на Горан Петрески во борбата за бронзениот медал ја победија убедливо екипата на Спартак Пловдив (7:0) и на тој начин завршија на третата позиција, додека претходно во полуфиналето беа поразени од Национал Софија (0:2). На целокупниот турнир, Вардар одигра вкупно шест натпревари, на кои оствари четири победи и два порази.
Првото место им припадна на ЦСКА Софија откако во големото финале го победија Национал со резултат 4:2. ЦСКА Софија беше наш противник во групната фаза, меч на кој по голема борба славеа бугарите со резултат 2:1. На завршната церемонија беше доделен трофејот и бронзените медали за нашите вардарци.