Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вечерва, Вардар го дознава својот противник во рамките на 1/4 финалето во СЕХА-лигата
Вечерва, Вардар го дознава својот противник во рамките на 1/4 финалето во СЕХА-лигата

Вечерва, Вардар го дознава својот противник во рамките на 1/4 финалето во СЕХА-лигата

Вечерва, актуелниот Шампион на СЕХА-лигата ќе го дознае својот противник во рамките на четврт-финалето. Противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице.

Нексе допатува во Битола со предност од три гола, позитива со која ќе го започне вечерашниот реванш меч во спортската сала „Боро Чурлевски“, откако славеше на домашен терен со резултат 23:20. Мечот вечерва стартува во терминот од 20:15 часот.

Првата четврт-финална двојка ја сочинуваат екипите на Војводина и Веспрем. Војводина успеа и на реваншот да ја победи Металопластика и да се пласира во осумте најдобри екипи, таму од претходно се најде и екипата на Татран Прешов која беше подобра во двомечот против Спартак Москва.