Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ништо ново, Вардар убедливо поразен и на гостувањето во Кил
Ништо ново, Вардар убедливо поразен и на гостувањето во Кил

Ништо ново, Вардар убедливо поразен и на гостувањето во Кил

Вардар со пораз ја започна оваа година во Лигата на Шампионите, откако беше „немоќен“ на гостувањето кај екипата на Кил

Во првите шест минути од мечот се играше гол за гол на двете страни, а последното израмнување се случи кога Стоилов погоди за резултат 3:3. Следеше период во кој црвено-црните не успеаа да постигнат гол цели пет минути, додека домашниот тим влезе во серија од 4:0, и со два последователни голови на Зарабец зголемија на 7:3, што беше знак за Алушовски да повика тајмаут. Вардар невообичаено промаши многу зицери во првото полувреме, што беше една од главните причини на полувреме да имаме негатива од четири голови. Лошата серија ја прекина Чупиќ кој намали на 7:4, но Кил стигна и до позитива од пет гола, кога нашата мрежа ја погоди Пекелер. Успеавме да се вратиме во игра, со погодокот на Кристопанс намаливме на 10:7, но неколку наши промашени удари му овозоможија на противникот да поведе со 14:9. На голот се разбрани Ландин, кој стигна до пет одбрани, но и Гедбан кој одбрани два зицер удари, багодарение на кои успеавме да ја намалиме негативата на три погодоци (15:12), откако погоди Калараш во 26 минута, а тренерот Јиха во тие моменти побара минута одмор. Освен Кристопанс немавме расположени играчи на бековската позиција, а на спротивната страна, Зарабец со својот четврт гол од исто толку обиди му донесе водство на Кил од 18:14 по истекот на првите 30 минути.

Одлично го стартувавме второто полувреме, во кое екипата на Кил не успеа цели пет минути да постигне гол, а ние преку Кристопанс и Стоилов намаливме на 20:18. Претходно до својата шестта одбрана стигна и Гедбан. Се играше израмнето во вториот дел, Дибиров денес игра лош меч, имаше само еден погодок од шест упатени удари, што го казнува максимално противникот. Екберг со удар од седум метри носи предност од 21:17, а добивме и две минути исклучување. Многу промашени зицер удари за Вардар, повторно Ландин спречува удар на Дибиров, а неговите соиграчи ја зголемуваат разликата на 22:17 во 42 минута, што беше знак за Алушовски да повика тајмаут. Со голот на нововлезениот Димитриоски намаливме на 22:19, но противникот направи серија од 3:0 и поведе со највисоки 25:19. Едноставно немавме идеја во нападот, денес ниту Скубе, ниту Атман беа расположени за игра, додека Кил го полнеше нашиот гол во контра напади. Конечно проработи и Дибиров, со негови три последователни голови, Вардар успеа да намали на 28:22 на осум  минути пред крајот на мечот. Ништо од резултска неизвесност, на голот застана Гогов, кој не успеа да забележи ниту една одбрана, додека Кил стигна и до убедливи 31:22. На крајот висок пораз со резултат 34:23.

Кристопанс најдоабр стрелец кај Вардар со 6 голови, додека Стоилов постигна 5.