Денешниот состанок на Сергеј Самсоненко со фудбалерите и управата на ФК Вардар помина позитивно.
Според информациите до кои дојде „Вардар Фанс“, се дека се останува исто. Самсоненко останува во ФК Вардар, играчите исто така остануваат и тргнуваат да ја завршат работата која ја започнаа, а таа е шампионска титула по пауза од неколку години.
Вардар сега продолжува со подготовките во Скопје. Овој викенд ќе одигра и тест дуел со тимот на ФК Кадино, како генерална проба пред стартот на пролетниот дел во ПМФЛ.