Павел Атман, сега веќе екс играчот на Вардар, за руските медиуми говори за крајно неповолната ситуација во клубот. За тоа дека нема земено ниту денар, дека Вардар му излегол во пресрет со чисти документи, но и дека сопругата му е бремена затоа било потребно да донесе и одлука.
„Добив чисти документи од Вардар, го реализирав трансферот во Спартак и веднаш се враќам во Москва. Иднината во клубот е неизвесна, а и на многу прашања нема одговор. Никој не знае до кога ќе биде вака. Мислам дека доколку продолжат проблемите и другите ќе си заминат. Немам земено плата откако пристигнав во Вардар. Одлучивме да се вратиме во Москва затоа што ситуацијата во моето семејство е специфична, сопругата ми е бремена со второ дете и потребно беше да донесам одлука“, рече Павел Атман.
Атман за Вардар оваа сезона во Л.Ш постигна 22 гола.