Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Се наоѓаме во тешка ситуација, треба да дадеме се од себе, за навивачите, за градот да го победиме Мотор и да се пласираме во осмина-финалето
Стоилов: Се наоѓаме во тешка ситуација, треба да дадеме се од себе, за навивачите, за градот да го победиме Мотор и да се пласираме во осмина-финалето

Стоилов: Се наоѓаме во тешка ситуација, треба да дадеме се од себе, за навивачите, за градот да го победиме Мотор и да се пласираме во осмина-финалето

Во сабота, Вардар на домашен терен ќе го одигра натреварот од Лигата на Шампионите против екипата на Мотор Запорожје. Со евентуална победа, црвено-црните можат после одигрување на ова 12.коло и да го заверат пласманот во осминафиналната рунда. Денес, клубот одржа прес-конференција на која ги изнесе очекувањата за овој дуел, на истата говореше капитенот Стоилов, кој покрај другото се проговори и за моменталната ситуација во клубот, како и заминувањето на играчите.

-Пред нас претстои тежок натпревар. Се наоѓаме во тешка ситуација после заминувањето на еден од главните играчи, да бидеме реални, Вардар со и без Кристопанс не е ист. Сепак на нас останува да се бориме и да се обидеме да дојдеме до победата.Ќе видиме на терен што ќе се случи.

Стоилов меѓу другото истакна дека новонастанатата ситуација не е нешто ново во клубот, проблемите постојат подолго време.

Долго време во клубот има проблеми, ова не е нешто ново. Тешко е, но играме дома, се надевам пред полна сала. Ова може да биде еден од последните наии мечеви на домашен терен во Лигата на Шампионите, никој ништо не знае, реално треба да дадеме се од себе, за навивачите, за градот да го победиме Мотор и да се пласираме во осминафиналето. Ние сме актуелен европски Шампион, а односот кон нас е смешен. Не знаеме каква е иднината на клубот. Реално ќе биде тешко дури и да ја одбраниме титулата во домашното првенство со ваков ослабен состав.

Мечот во сабота ќе се одигра со почеток од 17:30 часот, се надеваме пред преполни трибини во С.Ц. Јане Сандански.