Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар со висока победа стартуваа на турнирот „Пирин Куп“.
Денес во рамките на првото коло избраниците на Рап-Тап убедливо ја победија екипата на Хебар од Бугарија со конечен резултат 8:0. Одличен натпревар за нашите млади надежи кои беа многу поквалитетната екипа на теренот. Уште во првото полувреме ги решивме дилемите за конечниот победник, кога имавме високо водство од 6:0. Во вториот дел тренерот им даде шанса на сите играчи, а паднаа уште два голови во противничката мрежа.
Огнен Здравковски беше играчот кој постигна хет-трик, додека два гола постигна Теодор Перковски и Левент Ибраим. Во листата на стрелци се запиша уште и Давид Љушев.
Вардар: Ангелов, Ричков, Љушев (c), Милошевски, Каровски, Хајдари, Стоимов, Здравковски, Анчевски, Ибраим и Перковски.
Влегоа уште Ивановски, Крстевски и Цеков.
Во текот на утрешниот ден ќе ги одиграме останатите два натпревари во рамките на групната фаза. Противници ни се екипите на Димитровград и Черноморец Бургас.