Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Никола Глигоров и генер. 2009 на ФК Вардар тргнаа со две победи на турнирот „Пирин Куп“
Никола Глигоров и генер. 2009 на ФК Вардар тргнаа со две победи на турнирот „Пирин Куп“

Никола Глигоров и генер. 2009 на ФК Вардар тргнаа со две победи на турнирот „Пирин Куп“

Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар која е предводена од Никола Глигоров имаше успешен старт на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“. Нашите млади надежи одиграа два натпревари на кои забележаа победи.

Турнирот го отворивме со натпревар против екипата на Шипка ( Бугарија), дуел на кој славеа црвено-црните со резултат 2:0. Јаков Стојковски беше играчот кој му донесе предност на Вардар од 1:0, додека конечните 2:0 на овој меч ги постави Васко Папалиски.

86471432_736209260239866_33143841716436992_n

До победа стигнавме и во вториот дуе, на кој за противник го имавме тимот на Национал . Вардар беше поуспешен и и славеше со резултат 2:1. Успеавме први да го отвориме резултатот на 1:0 со погодокот од пенал на Павел Котески Митровски. Во следниот период, екипата на Национал успеа да го израмни резултатот на 1:1, но Вардар покажа поголема желба за победа. Постигнавме уште еден гол истиот беше дело на Јаков Стојковски, со кој ги поставивме конечните 2:1 на овој меч. Инаку Национал е една од најдобрите младински школи во Бугарија и на турнирот во Сандански со останатите генерации високо котираше во конечниот пласман на екипите.

На турнирот „Пирин Куп“ во генерацијата 2009 учество земаат 10 екипи, кои се поделени во две групи. Екипите кои ќе завршат на првите две места во групата ќе играат во полуфиналето. Утре за момците на Глигоров ги очекува дуели со екипите на Ферион и Брестник.