Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Величковски донесе 1/4 финале за ФК Вардар генер. 2006 на турнирот „Пирин Куп“
Величковски донесе 1/4 финале за ФК Вардар генер. 2006 на турнирот „Пирин Куп“

Величковски донесе 1/4 финале за ФК Вардар генер. 2006 на турнирот „Пирин Куп“

Вардаровата генерација 2006 ќе игра во 1/4 финалето на турнирот „Пирин Куп“, откако стигнавме и до втората победа на турнирот во Бугарија.

Денес во рамките на последното коло во групата, момците на Филип Спасески стигнаа до минимална победа во дуелот со екипата на Хебар ( Бугарија) со резултат 1:0. Еднинствениот гол беше дело на Андреј Величковски кој од слободен удар од 30 метри го матираше противничкиот голман и на тој начин им донесе триумф на црвено-црните, вреден пласман во осумте најдобри екипи на „Пирин Куп“. По првото полувреме на овој дуел, резултатот беше оној почетниот 0:0.

Вардар: Данстак, Николов, Ордевски, Настевски, Спасовски, Миовски, Цониќ, Нурединовски, Николовски, Танчев и Алији.

 За утре се закажани 1/4 и 1/2 финалните мечеви, додека финалето ќе се одигра во недела. Во 1/4-финалето кое е закажано во 9-00 часот за ривал ја имаме екипата на ФК Ботев Пловдив од Бугарија.