Вчера, на Европското првенство 2020 кое се одржува во Рим, Италија, македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров очекувано беше поразен од апсолутниот фаворит на за европски првак, Абдулрашид Садуалев од Русија. Сепак токму таа средба му донесе шанса за медал.
Русинот кој е супериорен во оваа категорија и е актуелниот олимписки и светски првак дојде до финалето со што му даде шанса низ репасажот на Нуров да атакува на бронза. Болукбаши од Турција беше прв ривал, утрово борбата започна, нашето момцче едонставно доминираше целосно, одлично ја водеше борбата. Водеше постојано, водевме и со 7-0. Потоа Нуров, ко да небеше свесен за својата сила, тргна силно и успеа да победи со „туш“. Ривалот едноставно беше немоќен пред нашиот борач. Следна борба е со Гаџихиев од Азербеџан.