Викендов, екипата на КК Пелисер 1982 од Битола беше домаќин на КК Вардар во меч од 11.коло во Првата Македонска кугларска лига. Битолчани успеаа со минимални 5-3 да дојдат до победа во оваа средба.
По одиграни шест дуела беше 3-3, реми двата поена за подобар тимски скор отидоа кај зелено-белите. Тие соборија 3239 „дрва“, а нашите црвено-црни дојдоа до бројот 3172. Домаќините имаа 13 сета, два повеќе од нас на оваа средба.
На оваа средба за нас поенираа: Марјан Згонц кој имаше прв скор од врдарци 565 „чуња“, Дарко Димотровски и Саша Јанковиќ.