Македонската репрезентација на ракометари родени 2002 година и помлади, вчера одиграа два натпревари од медитеранскиот шампионат во Атина.
Натпреварите на шампионатот се играат во три третини по 15 минути. Секоја третина почнува со 0-0, а се брои главниот резултат на крај на третината. Секоја освоена третина носи еден бод, нерешен резултат е пола бод. На победникот му се додаваат уште два бода за вкупна победа. Во фазата на елиминации доколку натпреварот заврши нерешено, се шутираат седмерци.
Првиот натпревар одигран против Шпанија заврши со резултат 21-14 (8-7, 8-4, 5-3) за репрезентацијата на Шпанија. Најефикасен за нашата репрезентација беше Емилијан Ѓоргоновски со четири погодоци, а Митев Марко постигна три погодоци.
Вториот натпревар одигран против Мароко заврши со победа на Македонија со резултат 21-17 (5-5, 08-04, 08-08). Најефикасен ракометар беше Митев Марко со седум погодоци, потоа Чакалиќ Бојан со пет погодоци.
Денес, репрезентацијата продолжува со настапот на медитеранскиот шампионат, а противници се репрезентациите на Тунис во 11:00 часот и Хрватска во 14:45 часот.
На овој шампионат од вардараровиот тим во оваа селекција се: Бојан Чакалиќ, Дамјан Димитриески и Савревски Давид.