Бразилскиот интернационалец Леонардо Дутра Фереира кој настапува за шпанска Куенка, денеска е многу актуелен и е поврзуван со трансфер во редовите на Европскиот првак.
„Вардар Фанс” се обиде да го исконтактира бразилецот кој ни одговори:
„Доколку ме побара Вардар, ќе дојдам” , рече Леонардо Дутра.
Дутра би бил освежување и опција повеќе за надворешната линија на тимот. Останува да видиме во наредните неколку денови дали ќе има реализација на овој трансфер или не.