Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Играчите ќе бидат исплатени до крајот на месец мај, во најава се нови засилувања за Европскиот Шампион
Играчите ќе бидат исплатени до крајот на месец мај, во најава се нови засилувања за Европскиот Шампион

Играчите ќе бидат исплатени до крајот на месец мај, во најава се нови засилувања за Европскиот Шампион

Позитивни ветришта „дуваат“ во редовите на Европскиот ракометен Шампион. Според информации кои доаѓаат од руските медиуми, сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко им дал гаранција на играчите дека ќе бидат исплатени до крајот на месец мај.

После заминувањата во еден ден на Кристопанс и Атман се вклучи „алармот“ во редовите на Вардар, неизвесна беше и судбината на клубот до крајот на оваа сезона, но последните информации говорат дека ситуацијата е подобрена. Играчите имале состанок со Самсоненко, на кои им било ветено дека ќе им се исплатат сите плати до крајот на сезоната. Денес во медиумите се појавија информации, дека Вардар планира да се засили со најмалку двајца играчи во продолжение од сезоната, но засега само се шпекулира со имиња и нема никаква официјална потврда од клубот.

Вардар го очекува напорен период, во кој треба да одбрани дури три трофеи освоени од минатата сезона. Не очекува 1/4 финалето од СЕХА-лигата, како и преостанатите два натпревари од групната фаза во ЛШ, по што ќе биде познат пласманот во групата и противникот во 1/8-финалето. Доколку се реализираат некои од најавените засилувања, на Вардар треба сериозно да се смета во ЛШ, додека обврска за црвено-црните ќе биде да се врати трофејот од Купот, како и да се одбрани титулата во Супер лигата.