Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гостува кај Порто во обид да го потврдат 5.место во групата
Вардар гостува кај Порто во обид да го потврдат 5.место во групата

Вардар гостува кај Порто во обид да го потврдат 5.место во групата

Денес не очекува нов ракометен натпревар во Лигата на Шампионите. Вардар гостува во Португалија на екипата на Порто, во рамките на претпоследното коло од најсилната група Б.

Победата е императив и за двете екипи, кои се во борба за петтото место во групата. Порто можеби е мал фаворит во пресрет на мечот, и поради домашниот терен, но и поради ситуацијата во која се наоѓа Вардар поради недостаток на квалитетни играчи. Дуелот со Мотор Запорожје не покажа слабости во играта на црвено-црните, односно не се осетија заминувањата на Кристопанс и Атаман, но ова е многу поинаков дуел, со многу поразличен противник. Како и што најави Алушовски пред заминувањето во Португалија, главен проблем на тимот е тоа што нема доволно играчи за ротација во текот на натпреварот. Сепак немаме многу можност за тактизирање, на дуелот со Порто ќе излеземе со истите сили, како и на претходниот дуел, на кој убедливо го победивме тимот на Мотор.

Денешниот противник е Шампион на Португалија кој по пауза од три години се враќа на настапите во најголемото натпреварување. Најголем дел од тимот го сочинуваат домашни ракометари, засилени со голманот на австриската репрезентација, Томас Бауер, како и двајца интернационалци кои доаѓаат од Куба и еден играч од Германија, а нивен предводник е познатиот шведски стручњак, познатиот Магнус Андерсон. Екипата на Порто е најпријатното изненадување сезонава во двете најсилни групи. Ретко кој очекуваше дека можат да се протнат во осминафиналето, а сега се наоѓаат и во ситуација да бидат пред Европскиот Шампион на табелата. После 12 одиграни кола, имаат скор од 4 победи, 2 нерешени резултати и 6 порази. На домашен терен сезонава имаат само два порази на домашен терен и тоа во дуелите со екипите на Кил и Порто.

Вардар го доби првиот меч одигран во Јане Сандански со резултат 32:27, откако на полувреме имавме два гола негатива. И денес не очекува интересен натпревар, можеби нијанси ќе го решат победникот или тимот кој ќе има малку повеќе среќа. Почетокот на мечот е закажан за 16:00 со директен преност на Арена Спорт 5.