Утрово, во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ тренинг-меч имаа девојките од ЖРК Вардар и пионерскиот тим на ракометниот клуб Вардар. Двата колектива се подготвуваат за пролетниот дел, за разлика од првиот меѓусебен дуел сега момците дојдоа до победа. Тие триумфираа на овој тест со 37-35 (23-16).
Прв стрелец кај дамите беше десното крило Ива Јаковчевска таа успеа да постигне дури осум гола, Галевска Марија имаше инспиративен дуел и погоди шест пати. Пет гола имаше Трпевска Ивона, гол помалку запиша Седлоска Андреа.
Кај голманите Грујовска Cимона повторно блесна трет меч во серија има најдобар перформанс од „чуварите на мрежата“. Таа имаше 8 одбрани со високи 45% ефикасност на одбранети удари, Илиќ Андреа одбрани шест топки, Трајкоска Јована дуелот го заврши со три одбрани.