Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со истиот состав ќе „брка“ победа и против Порто
Вардар со истиот состав ќе „брка“ победа и против Порто

Вардар со истиот состав ќе „брка“ победа и против Порто

Денес со почеток од 16:00 часот, Европскиот Шампион ќе одигра натпревар на гостински терен против екипата на Порто. Ова ќе биде меѓусебен дуел за 5.место на табелата, а Вардар ќе се обиде и втор пат сезонава да го совлада Шампионот на Португалија. Тренерот Стевче Алушовски го објави составот, а тој е речи  истиот со кој убедливо го победи тимот на Мотор Запорожје во минатото коло.

Вардар: Чупиќ, Толедо, Дибиров, Димитриоски, Гедбан, Ќосевски, Горбок, Горпишин, Калараш, Карапалевски, Кизиќ, Кукуловски, Шишкарев, Пелко, Скубе и Стоилов.

img_20200222_120807

Дуелот ќе се емитува со директен пренос на Арена Спорт 5.