Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Јуниор лига: Две победи за Бисинов-1 и Будимир Вардар кај момците во ген.2008/09
Јуниор лига: Две победи за Бисинов-1 и Будимир Вардар кај момците во ген.2008/09

Јуниор лига: Две победи за Бисинов-1 и Будимир Вардар кај момците во ген.2008/09

Денес во Јане Сандански се одигра првото коло во Вардар Јуниор лигата во новата 2020 година. Во првите три меча кај момците родени 2008/2009 тимот на РК Бисинов1 забележа две победи, додека екипата на Будимир Вардар еден триумф на еден дуел.

Во првиот меч момците на  РК Бисинов Вардар1 имаа лесна задача против тимот на РК Карпош/Урдаревски и дојдоа до висока победа.  Тие триумфираа со 23-2 на оваа средба.  Бисинов поведе со 2-0, ривалот успеа со погодок да ја преполови предноста на 2-1. Потоа следеше доминација на девојките од Велес кои на одмор заминаа со високи 11-2.

Вториот дел помина во целосна доминација на црвено-црната школа од Велес. Тие во голот на ривалот постигнаа 12 гола, но во својата не дозволија да примат ниту еден па победија со 23-2 и без примен гол во текот на целиот втор период.

618

Во вториот меч РК Будимир Вардар ја совлада екипата на РК Бисинов 2 со резултат  15-4.  На почетокот се започна рамноправно беше 1-1, 2-2 и на крајот 3-3. Потоа следеа минути на скопските момци, избраниците на Будимир со серија 5-0 заминаа на одмор со предност од 8-3.

На почетокот на вториот дел двата тима погодија по еднаш за почетни 8-4 по што имаше “реприза“ на првиот дел. Момците на Будимир влегоа повторно во серија овој пат 6-0 и дојдоа до убедлива победа со 11 гола повеќе. Тие победија со 15-4.

g41

РК Бисинов 1 во треттиот дуел од оваа генерација дојде до победа над екипата од Прилеп, РК Филип Вардар со резултат 20-10. Велешани поведоа со 1-4 на самиот почеток, потоа следеше игра гол за гол до самиот крај. Двата тима погодија по пет пати во противничките мрежи за 9-6 за тимот од Велес. Бисинов-1 со гол на крајот отиде на одмор со предност од 10-6.

Вториот дел беше чиста формалност, екипата на РК Бисинов продолжи во исто темпо, дикираше и ја золемуваше предноста се до победата со двоцифрена разлика. Тие победија 20-10 на ова соочување.