Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлив старт на пролетниот дел за ФК Вардар генер. 2007, Вардар (2) го победи Еуроспорт
Убедлив старт на пролетниот дел за ФК Вардар генер. 2007, Вардар (2) го победи Еуроспорт

Убедлив старт на пролетниот дел за ФК Вардар генер. 2007, Вардар (2) го победи Еуроспорт

Генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар денес го стартуваше пролетниот дел во детската лига. Активна беше само екипата на Вардар (2) која за противник го имаше тимот на Еуроспорт. Избраниците на Горан Петрески славеа убедливо со резултат 6:0.

Заслужена победа за нашите млади надежи кои имаа доминација во текот на целиот натпревар. Пред да го отвориме водството, имавме обиди преку Котевски кој шутираше над голот, како и Блажевски кој се обиде, но одбрани противничкиот голман. Шанси имавме преку Крстевски и повторно Блажевски, но се уште немаше реализација. Сепак, успеавме да го отвориме резултатот со одличен погодок на Златко Радевски кој од 20.метри го матираше голманот на Еуроспорт, што значеше предност од 1:0. Следеа удари на Стојановски Војо и Керими Фуад, но одбрани голманот на кумановчани. До крајот на првиот дел успеавме да ја зголемиме предноста на 2:0 со голот на Иван Блажевски.

1 2 3 4

Доминиравме и во вториот дел, во кој постигнавме уште четири нови погодоци. Матеј Димчевски имаше прва прилика во овој дел од мечот, кој шутираше со глава, но резултатот остана непроменет. Вардар успева да го зголеми резултатот на 3:0, откако во соло продор, Блажевски успешно помина и погоди за 3:0. Со вториот гол на Златко Радевски набргу ја зголемивме предноста и на 4:0. Продолживме со атак кон противничкиот гол, во листата на стрелци се запиша и Фуат Керими кој погоди за 5:0, додека конечните 6:0 на овој прв пролетен дуел од детската лига ги постави Злате Радевски, за кој ова беше денес хет-трик.