Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец во Велес по 1,5 години, црвено-црните на 11 плус на табелата
Вардар му го нанесе првиот пораз  на Борец во Велес по 1,5 години, црвено-црните на 11 плус на табелата

Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец во Велес по 1,5 години, црвено-црните на 11 плус на табелата

Продолжува победичкиот поход на ФК Вардар, денес во Велес на теренот на кој Борец не е совладан година и половина нашите момци дојдоа до важна победа. Победивме со 0-1 со голот на Аврамовски во 31.минута, со ова отидовме на 11 позитива на табелата.

Првите дваесетина минути минаа мирно без посебни возбудувања, домаќинот од Велес беше претежно дефанзивно поставен. Во следните пет минути неколку одлични влезови во казнениот простор имаше Цветановски кој даваше добри подавања, сепак одбраната на ривалот расчистуваше во последен момент. Ние имавме доста повеќе посед на средината од теренот што ни овозможуваше да бидеме постојано пред казнениот простор на Борец. Вардаровата  иницијатива беше наградена во 31.минута, Аврамовски кој се врати по повредата успеа да погоди за водство со 0-1 за црвено-црниот тим.  Цветановски во 38.минута се обиде од десниот раб на казнениот простор, сепак ударот заврши над голот. Домаќинот се закани во 41.минута од слободен удар, топката мина крај голот на капитенот Гачевски. По корнер од денесната страна домаќинот имаше обид со глава, нашиот „чувар на мрежата“ беше на висина на задачата и исфрли над гредата.

0000000-2

Во првата третина од вториот дел немаше посериозна прилика за одбележување, сепак црвено-црните имаа доминација на теренот и иницијатива. Прва прилика за нас имаше во овој период Аврамовски кој се обиде со удар од над 20.метри. Потоа се обиде со удар и бразилскиот интернационалец во нашите редови, Жуниор, голманот на велешани беше на место. Момците на Александар Васовски со игра на противничката половина се обидуваа да го чуваат минималното водство кое носеше три големи бода. Аврамовски имаше голем шанса да „стави точка“ на мечот на пет минути до крајот, сепак за жал неговиот удар не заврши во мрежата. Умешно го доведовме дуелот до крај, остварувајќи ја втората победа во 2то пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига.