Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2009 под водство на Никола Глигоров со победа и нерешен резултат го стартуваше пролетниот дел во детската лига
Генерацијата 2009 под водство на Никола Глигоров со победа и нерешен резултат го стартуваше пролетниот дел во детската лига

Генерацијата 2009 под водство на Никола Глигоров со победа и нерешен резултат го стартуваше пролетниот дел во детската лига

Денес на терените на ФФМ стартуваше пролетниот дел во детската фудбалска лига. Активна беше генерацијата 2009 која одигра два натпревари, на кои оствари една победа и нерешен резултат. Ова беше деби во детската лига и за новиот тренер на оваа генерација, се работи за поранашниот играч на ФК Вардар, Никола Глигоров.

На првиот дуел се сретнаа екипите на Вардар (1) и Драчево. Поуспешни беа црвено-црните, кои славеа со резултат 2:0, со голови во второто полувреме од натпреварот. Првиот директен удар кон еден од головите го имаше противникот, но на место беше Марко Баснарков кој спречи изненадување. Следеше период од мечот во кој, вардарци упатија неколку удари кон голот на Драчево. Марко Петровски и Васе Папалиски се обидоа, но нивните удари ги одбрани голманот на противникот. Михајловски Дарин се закани, но топката отиде крај голот, додека во вториот обид шутираше по земја, но немаше реализација.

1 2

Избраниците на Глигоров имаа иницијатива и се обидуваа да го отворат резултатот. Матеј Николов имаше прилика, кога шутираше, но повторно противничкиот голман беше на своето место, додека Михајловски шутираше за малку крај голот. Имавме голема прилика да го отвориме резултатот преку удар од белата точка, но за жал не успеавме да реализираме, ударот на Дарин заврши крај голот. Од прекин, опасна прилика имаше и Драчево, но Баснарков одбрани тежок удар. На полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0.

3

Во вториот дел, Вардар ја крунисува својата иницијатива и по само три минути игра успева да го отвори резултатот за 1:0 со погодокот на Матеј Николов. Се играше акција од десната страна, нафрли Петровски, на вистинското место се најде Николов кој донесе предност за Вардар. Имавме контрола на играта во овој дел од мечот, имавме сериозна прилика преку Вито Павлов, кој од слободен удар шутираше силно, но голманот на Драчево одбрани со крајни напори. Нов обид имаше Николов, овој пат одбрани голманот, додека Васе Папалиски со одличен гол зголеми 2:0 и стави точка на овој меч. До крајот на дуелот се закани и Папалиски, но резултатот конечен гласеше 2:0.

На вториот меч, со нерешен резултат (1:1) заврши дуелот на Вардар (2) против екипата на Карев. Имавме повеќе шанса и заслуживме да победиме, но на крајот дојде до поделба на бодовите. Давид Колевски беше играчот, кој ги имаше првите два удари, во првиот бие крај голот, додека во вториот одбрани голманот на Карев. Се закани за прв пат и противникот, но одбрани нашиот чувар на мрежата. Повторно Колевски беше во прилика, но противничкиот голман не дозволи негатива за својот тим, додека Карев имаше прилика да поведе но немаа среќа кога ја погодија пречката од нашиот гол. Имавме прилика да го отвориме резултатот од пенал, откако Карев направи три корни, но не успеваме да го реализираме казнениот удар, па на полувреме резултатот беше 0:0.

5 6 7 8 9

Во вториот дел, по неколку обиди на двете страни, екипата на Карев успева да поведе со 0:1, со погодок од слободен удар. Добри шанси за израмнување пропуштивме преку Кралевски кој од непосредна близина биеше над голот, како и Сулејман Качман, кој биеше само во добро поставениот голман. Сепак постигнуваме гол и тоа со удар од белата точка. Сигурен реализатор беше Сулејман Качман кој ги постави конечните 1:1 на овој меч.