Фудбалската репрезентација на Македонија не издржа денеска против Франција, и одигра реми 2:2. Натпреварот започна феноменално за нашите момци. На полувреме имавме водство од 2:0, потоа во вториот дел французите останаа и со играч помалку, но потоа успеаа да постигнат два гола со играч помалку, и да дојдат до бод во Скопје.
Во тимот беа и двајцата Вардарци, Бобан Николов (капитен на оваа репрезентација) и Дарко Велковски. Николов го одигра целиот меч, додека пак Велковски одигра 80 минути.