По одигрување на 13.коло во Лигата на Шампионите, Тимур Дибиров го задржа третото место на листата на најдобри стрелци во Лигата на Шампионите.
Во поразот од екипата на Порто, Дибиров запиша три голови, со кои успеа да остане во ТОП-5 листата на најефикасни играчи. Тој се израмни со бројот на постигнати голови со Остроушко кој со екипата на Еурофарм Пелистер ги заврши настапите во ЛШ, двајцата имаат по 65 погодоци. На второто место изби играчот на Монпелје, Хуго Дескат кој има 67 голови, додека лидерското место го задржа Барис Пухоуски од Мотор Запорожје кој има 72 голови.