Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Марјан Гоцевски на дуелот под Шара
Марјан Гоцевски на дуелот под Шара

Марјан Гоцевски на дуелот под Шара

Во очекување на одлуката на Владата дали спортските манифестации ќе се одвиваат со или без присуство на гледачи, Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од четвртото пролетно коло, 22. коло во ПМФЛ.

На дуелот Ренова – Вардар под Шара, главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица. Помошници ќе му бидат Станковски Ѓорѓи и Ангеловски Кире исто така од Струмица, додека пак делегат ќе биде Бошевски Васко од Битола.

Дуелот на овие две екипи предвидено е да биде одигран в недела со почеток од 13.00 часот.