Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите триумфално кај Македонија ЃП, младинците со минимален пораз
Кадетите триумфално кај Македонија ЃП, младинците со минимален пораз

Кадетите триумфално кај Македонија ЃП, младинците со минимален пораз

Кадетската и младинската екипа на ФК Вардар гостуваа кај Македонија Ѓорче Петров во денешните дуели од своите лиги. На овие средби остваривме половичен успех, една победа и еден пораз.

Кадетите на Вардар дојдоа до победа. Ние нападнавме во првиот дел со цел да оствариме предност над домашниот тим, нашате атаци беа се почести. Конечно во 26.минута успеавме да го скршиме ривалот. Топка доби Азер Омерагиќ и стрелаше за наша предност со 0-1. Во фудбалот секогаш доаѓа казна за нереализраните шанси, противникот успеа во  43.минута пред самиот крај на првиот дел да изедначи на 1-1 и со реми да заминеме на одмор.

Во вториот дел атакувавме да ја вратиме предноста која ја загубивме во финишот од првиот период. Андоновски Филип успеа по 15.минути фудбал поточно во 60.минута да погоди за 1-2. Ние со офанзивна игра ја чувавме предноста, на овој дуел. Во судиското продолжение стаивме „печат’ на победата, повторно Андоновски беше во улога на „егзекутор“. Тој во 90+3.минута ги постави конечните 1-3 на оваа средба.

Вардар: Стојковски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Ѓурковски, Крстевски, Андоновски, Омерагиќ, Речица, Салиу, Демири и Петејчук.

Mладинците на ФК Вардар за жал беа минимално поразени на оваа гостување со погодок на 15.минути пред крај на дуелот. Првиот дел заврши со почетните 0-0, двата тима имаа прилики сепак не успеаа да ја затресат мрежата на ривалот. Овој резултат беше активен се до 75.минута кога домаќинот погоди за 1-0, резултат со кој тие дојдоа до три бода на оваа средба.

Вардар: Андов, Зендели, Ацоски, Манасиевски, Мицевски, Рушити, Димоски, Спировски, Ристовски и Цури. Играа уште: Симов и Кртовци.