Пионерите на РК Вардар денес во младинската лига го одиграа првото пролетно коло, тие ја пречекаа екипата на КЛ7. Ривалот кој е поврозрасен од нашите момчиња ни нанесе пораз со 21-36 на оваа средба.
Oтворивме многу лошо во нападот, ривалот поведе со 0-6 на самиот почеток. Ние не можевме да ги поврземе своите линии. Момците имаа пеколен распоред, во четвртокот и петокот одигаа тешки мечеви во пионерската лига, вчерашниот ден беше премалку за одмор па тоа го земе „данокот’. На средината на првиот дел ривалот поведе со неверојатни 3-16, ние немавме сили да се спротиставиме. На одмор заминавме со негатива од 15 гола, на семафорот во Јане Сандански стоеше 6-21.
Во вториот дел се обидовме и делумно успеавме да одиграме на едно ниво погоре во однос на ривалот. Гледајќи го само овој период од 30.минути на 15 погодоци во мрежата на црвено-црните пионери, нашиот тим во мрежата на младинскиот тим на КЛ‘7 одговори со иста мерка. Сепак големата негатива од првиот дел остана во крајниот резултат, ние бевме поразени со 21-36.
Кај нас Димитриевски Дамјан и Петковски Христијан постигнаа по три гола, имавме и дузина момци со два погодока на оваа средба.