Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > „Лавиците“ покажаа зашто се „хегемони„ во лигата, висока победа во гости кај КЛ7 за 11/11
„Лавиците“ покажаа зашто се „хегемони„ во лигата, висока победа во гости кај КЛ7 за 11/11

„Лавиците“ покажаа зашто се „хегемони„ во лигата, висока победа во гости кај КЛ7 за 11/11

Доминацијата на пионерките на ЖРК Вардар во својата Група-1 продолжува, тие денес на 11 меч оваа сезона дојдоа до исто толку победи па се зацврстија на врвот на табелата со 33.бода. Гостувавме кај тимот на КЛ-7 кој се покажа како „лесен плен“ и го совладавме со 09-28.

Домаќинот се обиде да „покаже заби“ на стартот па поведе во две прилики, најпрвин со 1-0 потоа и со 2-1, но веднаш нашите дами тргнаа типично за нив. Лавиците покажаа зашто се „хегемони“ во оваа лига. Домаќинот привидно парираше се до резултатот 4-5, потоа играше само еден тим. Целосно ги затворивме приодите кон нашиот гол, во одбраната се редеаа десетина минути без примен погодок, во напад казнувавме без милосно. Направивме неверојатна серија 0-12, по која поведовме со високи 4-17 на оваа средба. На одмор се замина со резултат 5-18 за црвено-црните дами.

Вториот дел беше чиста формалност по нашата неверојатна серија со дванаесет погодока во првиот дел, успеавме на самиот почеток да поведеме и со 6-22. Второто полувреме имаше далеку помалку погодоци во двата гола, се играше доста поборбено. Новиот триумф беше остватен со високи 19.гола повеќе овој натпревар се оконча со резултат 9-28.

Во црвено-црниот состав денес денес Борјана Коцева беше прв стрелец со дури седум гола, Ива Ангеловска која игра феноменално оваа пролет погоди пет пати. Четири гола беа дело на Мила Пешиќ, гол помалце имаше Сара Стефаноска, по два гола имаа две децојки: Равојска Јана и Сара Стојановска.