Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар немаа сили да се носат со младинскиот тим на КЛ7
Пионерите на РК Вардар немаа сили да се носат со младинскиот тим на КЛ7

Пионерите на РК Вардар немаа сили да се носат со младинскиот тим на КЛ7

Пионерите на РК Вардар денес во младинската лига го одиграа првото пролетно коло, тие ја пречекаа екипата на КЛ7. Ривалот кој е поврозрасен од нашите момчиња  ни нанесе пораз со 21-36 на оваа средба.

Oтворивме многу лошо во нападот, ривалот поведе со 0-6 на самиот почеток. Ние не можевме да ги поврземе своите линии. Момците имаа пеколен распоред, во четвртокот и петокот одигаа тешки мечеви во пионерската лига, вчерашниот ден беше премалку за одмор па тоа го земе „данокот’.  На средината на првиот дел ривалот поведе со неверојатни 3-16, ние немавме сили да се спротиставиме. На одмор заминавме со негатива од 15 гола, на семафорот во Јане Сандански стоеше 6-21.

Во вториот дел се обидовме и делумно успеавме да одиграме на едно ниво погоре во однос на ривалот. Гледајќи го само овој период од 30.минути на 15 погодоци во мрежата на црвено-црните пионери, нашиот тим во мрежата на младинскиот тим на КЛ‘7 одговори со иста мерка. Сепак големата негатива од првиот дел остана во крајниот резултат, ние бевме поразени со 21-36.

Кај нас Димитриевски Дамјан и Петковски Христијан постигнаа по три гола, имавме и дузина момци со два погодока на оваа средба.